Досега акредитирани 4.900 домашни и 339 странски набљудувачи

Од:

За следење на претстојните локални избори во Македонија, во Државната изборна комисија досега се акредитирани 4.900 домашни и 339 странски набљудувачи. Во ДИК за следење на изборите досега се акредитирани само тројца новинари.

Според податиците објавени на веб страницата на ДИК, од домашните најголем број акредитирани набљудувачи има невладината организација МОСТ – 2.727, потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ – Штип 1.834 набљудувачи, Цивил – Центар за слобода 191, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје 125, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје – ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој шест набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 198, потоа Амбасадата на САД во Македонија 24, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (IESC) 18…

Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија и Северна Ирска, Шведска, Унгарија, Кралството Холандија и на Италија во Македонија.

Во ДИК се акредитирани и 280 преведувачи.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ