А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Досега 300 здравствени работници на обука во врвни медицински центри низ светот

by А1он27/08/2013 - 15:11103
Share0

Оваа и наредните две години по 500 медицински лица, главно лекари, ќе бидат испратени на обука во странство. Како што рече денеска премиерот Никола Груевски, само годинава, до крајот на овој месец, преку 300 доктори реализирале ваква обука во врвни медицински центри низ светот.

Добивај вести на вибер

– Сметам дека до крајот на годинава ќе ја достигнеме проектираната бројка од 500 лица, а можеби и ќе ја надминеме. Паралелно со заминувањето на нашите лекари во странство, во Македонија доаѓаат и лекари од други држави кои тука вршат обуки. Такви тури веќе имавме неколку, истакна Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на лабораторијата за истражувања на културното наследство.

Тој најави дека од септември до ноември годинава 25 врвни американски лекари ќе престојуваат во македонските болници и клиники за да ги пренесат своите искуства, знаења и најновите достигнувања од областа на медицината.

– Обуката на македонските лекари е еден од најкрупните проекти во здравството. Може да купите добра опрема, да изградите или реновирате објект, но со оглед дека медицината е жива материја, мора постојано да ги следите најновите откритија, истражувања и методи на лечење. Токму тоа го очекуваме од обуката, нашите лекари да бидат во тек со најновите достигнувања, затоа се испраќаат во САД, Европа и насекаде низ светот, подвлече премиерот Никола Груевски.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Горан Наумовски09/03/2025 - 17:14

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Предраг Петровиќ28/02/2025 - 17:51

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски30/01/2025 - 12:2530/01/2025 - 15:04

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен