А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дополнителниот заменик-министер Николовски поднесе кривична против службеник во МЗШВ

by А1он02/11/2016 - 10:44181
Share0

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека поднел кривична пријава против службено лице во ресорното Министерство кое, согласно ревизорскиот извештај, постапувало спротивно на законите со што му нанело штета на државниот буџет и ги повредило правата на закупците.

Добивај вести на вибер

– Во ревизорскиот извештај за 2013-2015 година е констатирано дека врз основа на објавени повеќе огласи за давање земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, за површините што се објавуваат во јавните огласи за давање под закуп и кои се утврдуваат врз основа на распложливите катастарски податоци содржани во имотните листови од Агенцијата за катастар, не се извршило увид на лице место за потврдување на фактичката состојба. Не е предложено спроведување инспекциски надзор, ниту се преземени сите потребни мерки и активности за утврдување на причините кога дел од избраните најповолни понудувачи доставиле изјава заверена на нотар дека се откажуваат од договорот, наведува Николовски.

Според него, сите акти кои ги изработувала и потпишувала Комисијата за спроведување на постапка по еден оглас, кои се однесуваат на различни региони, се заведувале под ист деловоден број и датум.

– По раскинувањето на договорот за закуп, земјоделското земјиште не е вратено во првобитна состојба и не е составен записник за враќање во владение, односно утврдено е противправно користење без плаќање закупнина. Немало воведено апликација за водење земјишен регистар, генерирање потребна база на податоци за земјоделско земјиште, следење на соодветна наплата и подобрување и зголемување на инспекцискиот надзор, додава дополнителниот заменик-министер.

Иако од страна на Комисијата за спроведување на постапка е даден предлог за поништување на целиот јавен оглас за површини до 10 хектари во 2014, бидејќи биле објавени површини поголеми од 10 хектари и како услов не бил утврден наведен материјална-техничка омпременост на понудувачот, министерот, како што вели Николовски, поништил една од постапките, а во јавните огласи не била барана документација за докажување и материјално-техничка опременост како учество на огласот. Притоа биле избрани најповолни понудувачи и склучени договори за закуп.

Николовски наведува и дека биле склучени договори за закуп на површини над 10 хектари по објавен оглас во 2014 година, иако избраните најповолни понудувачи не доставиле банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот. Не биле преземени мерки за наплата на закупнината, така што за периодот од 1999 до 2013 година се водат 282 субјекта за износ од 162.134.000 денари.

mzsv

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Горан Наумовски12/09/2024 - 11:11

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

Горан Наумовски08/03/2024 - 13:21

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска31/08/2022 - 14:1931/08/2022 - 14:27

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска03/10/2021 - 12:47

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска01/07/2021 - 10:43

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска03/03/2021 - 12:3403/03/2021 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен