Децата од СОС Детското село во Скопје добија донација велосипеди и кациги од компанијата „Окта“.
Директорката на програми во СОС Детско село Александра Ивановски, рече дека се за поздравување ваков тип иницијативи.
– Се обидуваме на децата од СОС Детското село да им го обезбедиме сето она што претставува дом и што произлегува од домот. Тоа е суштината на самата организација и токму стимулирањето на тие семејни вредности како и организирањето на вакви активности, каде децата ќе почувствуваат дел од таа атмосфера е добредојдено и корисно од секој аспект, изјави Александра Ивановски.
Менаџерката за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА Марија Ставрева, рече дека оваа тимска, но истовремено и хумана активност ги обеденила вработени на ОКТА во една иста цел.
– Иницијативата донесе огромно задоволство и за двете страни. Тие со голема возбуда и ентузијазам ја прифатија идејата и дадоа значаен придонес за успешна реализација на донацијата, изјави Ставрева.