Донирана опрема на КАРИЛ на иницијатива на Иванова

Од:

Донација во кревети и медицинска опрема во вредност од над 50.000 евра од Катар доби денеска Клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување – КАРИЛ во Скопје.

Донацијата, прва на Клиниката по повеќе од 20 години, е обезбедена по иницијатива на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова и нејзините лични контакти со Шеика Мозах, мајката на Емирот од Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, соопшти Кабинетот на претседателот.

Иванова истакна дека донацијата произлегла од посетата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на Катар, каде таа имала можност да се сретне со Шеиката Мозах и да разменат мислење околу активностите кои двете ги имале во државите.

– И ги презентирав моите активности за поддршка на децата, посебно на децата со посебни потреби и аутизам, и севкупно во областа на здравството. И ги презентирав и големите владини проекти во областа на здравството, но и желбата и идеите и плановите што ги имам, на некој начин да помогнам во она што значи поддршка за подобрување на здравството на сите пациенти во нашите клиники. Оттаму произлезе и оваа поддршка, рече Иванова.

Директорот на Ургентниот центар, Реџеп Селмани изрази благодарност за донацијата од Државата Катар, посочувајќи дека таа е прва по подолг период.

– Добивме една вредна донација. Нашата институција се докомплетира со една софистицирана опрема која ќе ни користи многу за да пружиме квалитетна здравствена заштита, посочи Селмани.

Катарскиот амбасадор Хасан Бин Абдула Заид Ал-Махмуд, посочи дека донацијата е доказ за длабочината на катарско-македонските односи.

– Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, за нејзините хумани активности за Ургентниот центар во Скопје. На народот на Република Македонија им посакувам многу здравје и просперитет, додаде Хасан Бин Абдула Заид Ал-Махмуд.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски