Донирана медицинска опрема за Детската клиника

Од:

ерфузори, инфузомати, пулсоксиметри и опрема која служи за дијагностика доби Клиниката за детски болести. Донацијата е наменета за Одделот за гастроентерохепатологија на Клиниката, во вредност од 23.000 евра, а е обезбедена со помош на семејството Момировски кое живее во Австралија.

Од семејството Момировски на предавањето на дел од донацијата на Клиниката, денеска истакнаа дека ја донираат опремата во знак на благодарност бидејќи докторите од Клиниката пред неколку години успеале да ја дијагностицираат болеста на црниот дроб на неговата ќерка Марија, на која потоа и била извршена трансплантација во странство.

Раководителот на Одделот за гастроентерохепатологија на Клиниката, Ацо Костовски рече дека станувало збор за холестатски синдром кај Марија Момировска, која на двомесечна возраст била донесена на Клиниката со жолтица, акутна хепатална слабост со тешко нарушување на коагулацијата, синтеза на фактори од црниот дроб и неразвиени жолчни патишта.

– Сеќавајќи се на она што им се случувало, тие виделе дека на Клиниката недостига опрема и организирале донаторска акција во градот во кој живеат во Австралија. Собрале пари, дојдоа тука и прашаа каква медицинска опрема ни треба, додаде Костовски.

Посочи дека дел од опремата добиле, а дел треба да пристигне.

Директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ се заблагодари за донацијата и истакна дека со новата опрема ќе се подобри дијагностиката и третманот на пациентите. Таа на таткото на Марија, Тони Момировски му врачи благодарница за донацијата.

Би можело да ве интересира

Како била лекувана Срна на Детската клиника: Родителите обвинуваат, докторите велат дека е сторено се што е потребно

Александар Тодески

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски

Четиригодишното дете од Струмица е во стабилна состојба на Детската клиника во Скопје

Катерина Ѓуровски

Валентина Цвејоска Чолаковска е нова директорка на Детската клиника