Донесени првите пресуди – казни за седум лица кои не ја почитувале забраната за движење во Куманово

Од:

Кумановскиот суд донесе пресуди за седум кумановци кои не ја почитувале забраната за движење. Шест од нив се казнети со казни од илјада евра, а за едно лице казната е 500 евра. 

Во денешното соопштение од кумановскиот суд се наведува дека пресудите се донесени врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог од Основното јавно обвинителстви – Куманово, за  кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Основиот суд – Куманово, се посочува во соопштението,  донесе седум пресуди, со кои шест лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500,00 денари, а едно лице е огласено за виновно и осудено на парична казна од 50 дневни глоби.

– Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на Светската Здравствена Организација, на 29-ти март на први и на петти април годинава, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуките на Владата на РСМ од 25.03.2020 година и 03.04.2020 година, со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21:00 часот до 05:00 часот и од 16:00 до 05:00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период, соопштуваат од судот.

Би можело да ве интересира

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март

А1он