Донесена наредба за ексхумација и обдукција за утврдување на причините за смртта на момчето од Берово

Од:

Основното јавно обвинителство Штип, по објавени информации на социјалните мрежи и во медиумите, оформи предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на пациент од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип.

– Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, денеска издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје. Обвинителството постапува со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице, се додава во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот