Донесена е одлука за отварање на полициско одделение во Шуто Оризари

Од:

Советот на општина Шуто Оризари донесе одлука за отворање на полициско одделение и одлука за отстапување на објект во сопственост на општина Шуто Оризари заради отворањето на полициското одделение на МВР.

„Советот на општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица во Шуто Оризари утврди потреба за отворање на полициско одделение.

Согласно Член 2 од Одлуката на отворање на полициско одделение, работата на полициското одделение ќе биде во согласност со надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во насока на превентивно делување-спречување на кривични дела, зголемување на заштитата на безбедноста на граѓаните и ефикасно разоткривање на сторителите на кривични дела“, се вели во соопштението од општината.

 

 

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски