Изгласан Законот за употреба на јазиците

Од:

Со 64 гласа „За“, на денешната 32. седница на Собранието, по трето читање е изгласан Законот за употреба на јазиците.

Законот беше претходно изгласан во Собранието, но претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во согласност со неговите ингеренции, не го потпиша овој закон по што следуваше повторно враќање на истиот пред пратениците.

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 35 илјади амандамани за овој закон со кои месеци наназад укажуваа дека е противуставен по четири точки меѓу кои и како што велат злоупотребувањето на европското знаменце со цел законот да помине по кратка постапка без амандманска расправа.

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев од претседателот на Собранието побара пауза од 1 час поради процедурана грешка за претходно изгласаните промени на од дневниот ред, но не доби побара стенограмска белешка од гласањето за точката 27, Законот за јазици.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Нема да употребам вето за да навредам некој јазик

Ахмети: ДУИ е ураган, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици ќе биде одржана од 19 до 21 март

Горан Наумовски

Албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во земјава порачаа од ВРЕДИ