Дончо Таневски: Има места во Грција кои се поефтини и од Пештани

Од:

Гостите од соседните држави на Македонија, Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Грција кои изминативе туристички сезони беа најбројни на охридската ривиера ова лето ги има многу малку, вели за А1, Дончо Танески претседател на ХОТАМ. (Хотелска асоцијација на Македонија).

Според него главна причина зошто Србите ова лето ги нема во Охрид биле повисоките цени по рестораните и приватното сместување од цените во Грција

„Грчките колеги кои имаат квалитетни апартмани и приватно сместување настапија многу подобро и поорганизирано и дадоа многу ниски цени. Квалитетни апартмани на прва линија на море ги нудеа за фиксен закуп од по 5 евра од кревет. Кај нас не беше таква ситуацијата и сето тоа го предизвика ова. Исто така и колегите од грчките ресторани ги намалија цените оваа година. Има места во Грција кои се поефтини и од Пештани. Сето тоа носи коментари од типот „Поскапи сте од Грција во секој поглед“. Голем хендикеп ни е и лошата патна инфраструктура. Велат дека за да тргнат од Белград за Охрид со автомобил им требаат 9 часа, а од Белград до Грција на море им се потребни 8 часа. Сета таа комбинација на цените и времето за патување си го прават своето“ вели Танески.

Тој упати критика до Агенцијата за подршка и промоција на туризмот и Локалните самоуправи за лошо одработениот Саеми за туризам

„Како што констатиравме уште пред повеќе од еден месец на еден состанок, минатава година лошо се одработија саемските манифестации за туризам во соседните земји. Не се направи добар промотивен материјал, добри настапи и анимација на пазарот и сето тоа резултира со сето ова што го имаме во моментов на терен. Недоволната анимација од страна на Агенцијата за промоцијата и подршка на туризмот и локалните самоуправи и неоганизираноста, резултира со ова што го имаме на терен. Исто така лошо се одработи и Саемот за туризам во Белград, се дадоа многу високи цени на приватното сместување во истиот период кога земјите од опкружувањето дадоа пониски“, цени вели Танески

Тој вели дека хотелите во Охрид биле 80% исполнети најмногу со странци, претежно со гости од земјите од Бенелукс.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство