Дончев: Фондот ја намали цената на тестовите за Ковид-19, зошто приватниците ја зголемија е прашање за нив

Од:

Фондот за здравствено осигурување ја намалил цената на тестот за Ковид – 19 од 5.500 на 3600 денари по анализата што ја направил на цената утврдена во 2013 година кога имало мал интерес за молекуларно тестирање. Директорот на Фондот Ден Дончев вели дека истовремено со намалувањето на цената која ја плаќа Фондот, утврдиле дека приватните клиники ги наплаќаат тестовите по 1500 денари па затоа по толку им ги платил и Фондот на оние лаборатории со кои имаат склучено договори за тестирање за коронавирус.

„Фондот имаше цена по методологија од 2013 година за вршење ПЦР тестови, молекуларни, од 5500 денари, но тоа во услови кога само една или две јавни здравствени установи располагаа со такви тестови и потребата беше помала, пред да настапи пандемија. Во услови кога се прават помал број тестови фиксните трошоци се тие што се, а варијабилните се помали оти нема обем на тестирање и цената беше поставена 5500 денари. Откога се соочивме со Ковид – 19 цената која поставивме беше истата. Фондот направи своја анализа по вообичаената методологија и пракса за цената на тестот по ПЦР, и дојдовме до цена од 3600 како реална за овој тип услуга. Истовремено дојдовме до сознанија дека цената во слободни услови на пазар е 1500 денари и затоа се донесе одлука за цена од 1500 денари за нив. Во тој момент јавно пружена цена во приватните установи беше 1500 денари, зошто ја зголемија е прашање за приватните здравствени установи“, рече директорот Ден Дончев.

Наспроти тврдењата на директорот Дончев, Клиниката „Жан Митрев“ извести дека ја зголемила цената на тестовите од 1500 на 3600 денари за да се изедначи со цената која за овие тестови ја плаќа Фондот за здравствено осигурување.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај