Здружението за негување на православни вредности денеска организира донаторска средба за собирање средства за доизградба на летниот камп за веронаука во Бигорскиот скит „Свети Кирил и Методиј“.
Првиот летен камп за веронаука во земјата се наоѓа во подножјето на планината Дешат, над селото Битуше, а се гради по иницијатива на игуменот на Бигорската обител, Архимандрит Партениј.
На донаторската средба свое излагање ќе има сестринството од манастирот Св. Георгиј Победоносец – Рајчица, а ќе бидат презентирани и првите резултати од досегашната работа со најмладите.
Донаторската манифестација ќе се одржи во хотел Континентал со почеток во 16 часот.