Донација за Црвениот крст и дневните центри за деца со посебни потреби во Виница

Од:

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија Саит Саити и извршниот директор на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов денеска потпишаа договор за подршка на активности кои ќе се реализираат преку општинските организации на Црвен крст на Виница, Куманово, Штип и Струмица, во соработка со дневните центри за деца со посебни потреби во овие општини.

Компанијата „Макпрогрес“ од Виница од месец јуни до месец декември 2017 година ќе биде партнер на Црвениот крст на РМ, поддржувајќи ја имплементацијата на различни прокети наменети за поддршка на деца и младите со посебни потреби.

– Како компанија која сака да инвестира во потребите на децата и младите со посебни потреби се определивме да донираме ваучер во вредност од 372.200 денари, средства кои во наредните седум месеци ќе бидат искористени за работа на Дневните центри во овие четири општини. Макпрогрес како реномирана компанија во земјата која со своето работење практикува општествено одговорно однесување, со поддршка на овој прокет го потврдува континуитетот во напорите за развој и благосостојба на луѓерто во заедницата, изјави Цветанов.

Саити се заблагодари на донацијата и вклученоста како партнер во работата на Црвениот крст на Македонија и Дневните центри од овие четири града.

– Во рамките на прокетот на 8 јуни во Црвениот крст на Р. М. ќе се организира информативна работилница со цел да се дадат насоки за заедничка имплементација на активностите, а на 16 јуни во Виница ќе се одржи едукативна работилница за волонтери на Црвен крст кои ќе реализираат активности заедно со децата од дневните центри. Прокетот предвидува и организиран летен одмор на децата со псоебни потреби од Виница, Куманово, Штип и Струмица, истакна Саити.

Во прокетот ќе бидат вклучени 80 деца од дневните центри од Виница-18, Струмица-25, Куманово-24 и од Штип 15 деца.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска