Донација од Шведска за Општата болница во Кочани

Од:

Општа болница – Кочани прими донацијата во висина од 280 илјади евра обезбедена со помош на хуманитарната организација „Hand till hand“ и семејството Розенгрен од Стокхолм, Шведска.

– Добивме медицинска опрема, апарати, помагала, болнички кревети и други помошни елементи што ќе ѝ помогнат на болницата да ги подобри условите за лекување на своите пациенти и работата на медицинскиот персонал, соопшти д-р Томе Солевски, хирург во Општа болница-Кочани.

Според Александар Арсовски, координатор на оваа хуманитарна акција, Шведска преку свои организации досега испорачала неколкукратни вакви донации во Источниот регион и ваквата пракса ќе ја продолжи и понатаму.

Донацијата за Општата болница е реализирана со поддршка од градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев и од неколку приватни кочански компании што помогнаа да се плати магацинското сместување.

Илијев изрази надеж дека заеднички, со мисла и работа за подобро утре, ќе продолжи хуманата мисија за ревитализација на медицинската установа.

Пред еден месец, за целиот медицински персонал во болницата беа обезбедени униформи, донација вредна 12.000 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат