Донација од ММФ за СОС Детско село

Од:

Високиот претставник на Меѓународниот монетарен фонд, Тао Жанг денес го посети СОС Детско село и се сретна со Претседателката на Управниот одбор на СОС Детско село Македонија Зорица Серафимовска-Арсовска и директорката на програми на СОС Детско село Александра Ивановски.

Серафимовска-Арсовска се осврна на работата на организацијата, презентирајќи ги програмите и проектите кои СОС Детско село ги реализира, притоа потенцирајќи ги можностите за соработка и развој.
Ивановски, ја потенцираше опсежноста на работењето и функционирањето на СОС Детското село, фокусирајќи се на програмата за поддршка на згрижувачки семејства и развој на деца; и потребата од континуирана поддршка, како од корпоративниот сектор, јавните институции но и од меѓународните организации присутни во земјава.

Во оваа прилика, Меѓународниот монетарен фонд донираше 10 илјади долари за поддршка на хуманитарната мисија на СОС Детско село Македонија.

По службениот дел од посетата, делегацијата направи посета на една од семејните куќи во рамките на СОС Детско село, каде гостите имаа прилика и одблизу да се запознаат со функционирањето на згрижувачките семејства и секојдневниот живот на децата кои се под закрила на оваа организација.

На самиот крај на посетата, на г. Тао Жанг му беше врачена благодарница и симболичен подарок за сеќавање, изработен од вештите детски рачиња, при што Зорица Серафимовска Арсовска, Претседател на Управниот одбор на СОС Детско село Македонија акцентираше:

„Организацијата СОС Детско село во Република Македонија делува успешно веќе 17 години. Своето делување го остварува преку нови програми и проекти, преку кои влијае на унапредување на квалитетот на грижа во загрижувачкиот систем во Република Македонија, застапување и лобирање за правата на децата, презема интервентни акции за поддршка на семејства и деца погодени од климатски и воени катастрофи и гради партнерства со организации, институции и бизнис секторот, со цел да овозможи подобра услуга за ранливите категории на кои им помага. Денес, сме особено горди што и институција како Меѓународниот монетарен фонд ја препознава важноста на нашата хумана мисија и се приклучува кон семејството пријатели на СОС Детско село Македонија.“

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ