Донација на заштитни ракавици, маски и гелови за полицијата

Од:

Претседателот на националната секција ИПА, Робертино Ацевски информираше дека е направена набавка на лична опрема како заштитни ракавици, маски и антибактериски гелови за 900 припадници на полицијата. Тој нагласи дека покрај таа бројка полицијата ќе обезбеди заштитна опрема и за сите други колеги ширум земјата.

Од претставниците на меѓународната полициска асоцијација беше соопштено дека донацијата во форма на заштитна опрема ќе биде поделена во вкупно 17 полициски станици вклучувајќи го и граничниот премин Блаце.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Чулев изрази благодарност за донирањето на заштитната опрема за полицијата.

Тој соопшти и дека во меѓувреме е распишан тендер за набавка на заштитна опрема за полициските службеници и дека се очекува таа наскоро да пристигне. Министерот нагласи дека на подрачјето СВР Скопје изречени се вкупно 217 решенија за изолација и над 400 решенија со здравствен надзор.

Од вкупно 3.250 изречени контроли на цела територија, вкупно шест лица не ја почитувале досега изолацијата. Тој додаде и дека поднесени се вкупно 39 пријави по член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ