Донација на германските „Бајкери“ за охридските здравствени и образновни установи

Од:

Германското здружение на моторциклисти „Бајкер Бруми Хилфе“ донира десет шлепери хуманитарна помош со према и помагала за охридските болници и училишта.

Донацијата собрана благодарение на хуманите активности на германските „бајкери“ денеска официјално му беше предадена на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, кој се заблагодари за подарокот, особено на првиот човек на „Бајкер Бруми Хилфе“, неврохирургот Херман Мунцел. Во знак на благодарност Стојаноски на лидерот на „Бајкер Бруми Хилфе“, Херман Мунзел, му врачи благодарница за оваа хуманитарна акција.

Станува збор за болнички кревети, ортопедски помагала, училишни маси и столици, како и останат инвентар, а дел од донацијата беше и облека. Инаку, германските моторџии собраа 40 шлепери со хуманитарна помош, од кои 19 беа дистрибуирани во Тузла и Горажде во Босна и Херцеговина, 11 во Призрен, како и помошта за Охрид.

Самите моторџии велата дека на тој начин се обидуваат да ги разбијатстереотипите за нив како „лоши момци“ од филмовите, потврдувајќи дека преку таквите активности докажуваат оти за нив најважни се семејството, работата и хуманитарниот активизам, па потоа моторите.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство