Со донации се реновираат делови од штипската Физикална терапија

Од:

Со помош на донации се подобруваат условите за лекување на пациентите од целиот источен регион во Физикалната терапија, која ги користи лековите води на Кежовица, а е дел од Клиничката болница во Штип.

Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев изјави дека очекува до крајот на годината да се реши и сопственоста на објектот.

– Луѓе кои имаат желба и финансии ни помагаат одредени делови кои беа најкритични да ги средиме и да заличат малку и да имаат основни услови за престој на луѓето. Работите ќе се движат во добра насока и се надевам дека до крајот на годината ќе успееме да си ја повратиме назад Физикална терапија, а со добри проекти и средства ќе биде многу подобро место за лекување и престој на пациентите, вели Ѓеорѓијев.

Според него, недостигот од кадар е хроничен проблем, но овој проблем веќе се решава со ангажирање на шестмина физотерапевти и се очекува до крајот на годината и добивање на согласност за нивно вработување.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му