ДОМ: Законот за урбано зеленило го помина првото читање

Од:

„Со оглед на загаденоста на воздухот во земјава, Законот за урбано зеленило треба да се донесе што поскоро, за да можат локалните власти да почнат да го применуваат. Екологијата беше главна тема на последните локални избори, а граѓаните масовно ги поддржаа овие програми“, рече Поповска на собраниската седница, претставувајќи го Предлог-Законот за урбано зеленило.

Законот го помина првото читање со поддршка на сите присутни пратеници и се очекува да биде конечно донесен веднаш по новогодишните празници. Со ова ќе се обезбеди институционална заштита на зеленилото, но и ќе се преземе обврска за зголемување на постојното преку новите стандарди од 25 метри квадратни зеленило по жител, како и најмалку 20 проценти зеленило на градежна парцела.

Овој закон ќе бара натамошна измена и на законите во сферата на урбанизмот, со што ќе се спречи злоупотребата на зеленилото за бизнис цели.

Законот е поднесен од пратеници на мнозинската коалиција: Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Благој Бочварски и Диме Велковски од СДСМ (првите тројца сега градоначалници на Скопје, Карпош и Штип) и Ејуп Аљими од ДУИ.

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он