ДОМ во посета на општинските организации за решавање на еколошките проблеми

Од:

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска почна посети по партиските општински организации во Берово, Делчево, Штип и Тетово.

Во Берово Поповска се запозна со успешната туристичка сезона и со идните проекти за збогатување на туристичката понуда. Претседателот на општинската организација на ДОМ од Берово, Јован Ковачевски информира за проблемот со истекувањето на водата од езерото што може да има, нагласи, сериозни последици за луѓето, биодиверзитетот, но и за туризмот.

Во Делчево стана збор за проблемот со водата за пиење во селото Звегор, додека во Штип, Поповска се прошета по новоизградената пешачка патека под Исарот што беше дамнешна иницијатива на ДОМ, а сега е реализирана од градоначалникот Илчо Захариевски кој воедцно се запозна со иницијативата на ДОМ за нова атрактивна содржина на овој потег, карпа за слободно качување и летање во природа.

Скопската екипа во Тетово беше информирана дека членовите на ДОМ активно се вклучени во борбата за решавање на отпадот во градот и расчистување и функционирање на спортскиот центар и паркот

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски