ДОМ: Веднаш да запрат градежните активности во Старата скопска чаршија!

Од:

Зелена партија ДОМ остро се спротивставува на градежните активности во Старата скопска чаршија.

– Чаршијата е културно историско јадро и симбол на градот Скопје и секоја интервенција влијае на нејзиниот изглед и автентичност. Неслучајно со Законот за Старата скопска чаршија од 2008 година, чаршијата е прогласена за културно наследство од особено значење и е под заштита на државата, велат од ДОМ.

Партијата бара надлежните институции, Управата за заштита на културното наследство, НУ Конзерваторски центар-Скопје и Општина Чаир детално да ја информираат јавноста за „Проектот за ревитализација на Старата скопска чаршија“.

Оттаму прашуваат дали промената на калдрмата и витрините е според законските прописи и правила за заштита на културно наследство и дали се планира автентична реконструкција според историски извори.

ДОМ смета дека во овој период на корона криза, трошењето на финансиски средства за ваква намена е непродуктивно и неодговорно.

Од партијата бараат градежните активности во чаршијата веднаш да запрат, а средствата да се пренаменат за справување со здравствените и социо-економските последици од пандемијата!

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски