ДОМ: Укинувањето на мораториумот во Центар е крај за надежта за квалитетно урбано живеење!

Од:

Зелената партија, ДОМ е шокирана од скандалозната одлука на Уставниот суд за привремено, триесетдневно укинување на мораториумот за градење во општина Центар. Оваа одлука е крај за надежта на граѓаните дека е можно квалитетно и хумано урбано живеење.

„Општина Центар е позитивен пример за добро владеење, согласно потребите на граѓаните и почитување на јавниот пред бизнис интересот и здравјето пред профитот. Покрај воведувањето мораториум за градење, тие се и првите кои при измена на два ДУП-а го применија Законот за урбано зеленило и обезбедија најмалку 20% зеленило на градежна парцела.

Ја охрабруваме општина Центар да продолжи чесно и одговорно да работи во интерес на граѓаните.

За ДОМ, борбата против градежната експанзија и бетонизирањето на јавниот простор е врвен приоритет. Затоа баравме ревизија на ДУП-овите кои не се во согласност со ГУП-от на Град Скопје и со урбанистичките и еколошките стандарди.

Остануваме доследни на нашите ставови за урбано планирање кое ќе овозможи квалитетно, хумано живеење во чиста и здрава животна средина“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух