ДОМ: Само со почитување на законите може да се сочува УНЕСКО статусот на Охридскиот регион!

Од:

„По објавените информации за уште една нова дивоградба, на државно земјиште, во заштитеното градско подрачје на Охрид, ДОМ бара надлежните институции веднаш да постапат согласно законските одредби и да започнат со рушење на нелегалните градби во Охридскиот регион.

Единствен начин да го сочуваме нашето единствено светско природно и културно наследство е да ги спроведеме препораките на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО. Врвен приоритет е препораката број 6 за воспоставување мораториум на какви било урбани и крајбрежни трансформации во рамките на заштитеното подрачје додека сите релевантни плански документи не се усвојат и да се обезбеди строго спроведување на законите и прописите за да се спречи понатамошно незаконско градење“, соопштуваат од ДОМ.

„Им укажуваме на надлежните институции дека се должни да постапуваат согласно законот, зашто во спротивно и самите ќе сносат одговорност за непостапување и соучесништво. Уривање на дивоградбите е непопуларна, но во оваа ситуација единствено целисходна мерка која може да придонесе да го сочуваме УНЕСКО статусот. Потсетуваме дека на сесијата на Комитетот на УНЕСКО во Баку, овој месец, ни беше одреден дополнителен рок за исполнување на клучните препораки на мониторинг мисијата на УНЕСКО, до февруари 2020 година. Доколку тоа не се реализира, Охридскиот регион ќе биде ставен на листата на светско наследство во опасност.

Дополнително, со санкционирање на нелегалното градење ќе се манифестира неселективното спроведување на законските прописи и владеење на правото, што е една од основните европски вредности“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица