ДОМ: Прво реформи, а потоа избори со една изборна единица!

Од:

„Ставот на ДОМ е дека сега не се потребни предвремени парламентарни избори, туку фокусот треба да биде на реализирањето на реформите со цел започнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Укажуваме дека при предвремени парламентарни избори оваа пролет, може да се случи и ситуација да немаме избрано Влада во моментот на одлука на ЕУ.

Следејќи ги најавите за предвремени парламентарни избори оваа пролет, ДОМ ја реафирмира потребата од итна измена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив. Ова е наша долгогодишна заложба, за која бил поднесен и предлог-закон во Собранието, но, немало слух за тоа.

Коалицијата што ја формираше СДСМ пред последните парламентарни избори даде јавно ветување дека ќе придонесе за демократизација на општеството и преку промена на изборниот модел од шест во една изборна единица. Сметаме дека е време да се пристапи кон исполнување на предизборното ветување“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски