ДОМ: Поддршка за иницијативата за архитектонско-урбанистички конкурс за „Треска“

Од:

Зелената партија ДОМ ја поддржува иницијативата Општина Центар да распише конкурс за избор на архитектонско-урбанистичко решение за локацијата на фабриката „Треска“.

„ДОМ се придружува на заложбите на граѓанскиот сектор и на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Архитектонскиот факултет во Скопје и на бројни експерти. Конкурсот ќе придонесе за заштита на јавниот интерес и обезбедување услови за хумано и квалитетно живеење, кои се нарушени од неодржливото зголемување на густината на изграденост“, се вели во соопштението на ДОМ.

Од партијата апелирааат Советот на Општина Центар да донесе одлука за распишување на конкурсот, како продолжение на добрите политики на урбан развој во оваа општина.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата