ДОМ: Итно затворање на рудникот Казандол

Од:

„ДОМ бара итно затворање на рудникот Казандол од страна на Владата, поради прекршување на договорот за концесија и прекршување на процедурата за нејзино добивање во повеќе сегменти. Ова го темелиме врз извештајот од вонредниот надзор во рудникот од страна на Државниот инспекторат за животна средина, направен неодамна на барање на граѓанското здружение од Гевгелија „Спас за нас“.

Имено, според договорот помеѓу Владата и концесионерот, постои недвосмислена обврска во рок од две години да биде изградена постројката за катоден бакар и да биде започнат процесот на производство во обем од најмалку 50%. Со оглед на фактот дека инспекторите на терен констатирале дека споменатата постројка е уште во фаза на темели, а поминува веќе третата година, условот за еднострано раскинување од страна на Владата е исполнет!

Овој договор е добиен преку здружението „Спас за Валандово“, врз основа на Законот за пристап до информации од јавен карактер и јавно објавен, според Архуската конвенција за правата на граѓаните да бидат информирани за се што е поврзано со животната средина.

Дополнително, од увидот на Инспекторатот се гледаат редица недоследности во спроведувањето на постапката за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, што дава повеќе основи за стопирање на градбата.

Конечно, во извештајот од инспекторатот се гледа дека концесионерот продолжува да се служи со неточни наводи за наводно коректно информирање за јавната расправа по клучниот документ за заштита на животната средина, додека граѓаните на Валандово сведочат за речиси „таен“ состанок на одбрани лица. Не случајно се одржаа референдуми во сите четири засегнати општини, Богданци, Дојран, Гевгелија и Валандово, каде огромното мнозинство граѓани им кажаа НЕ на опасните рудници!“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

Започна трката во САД кој прв ќе отвори рудник за бакар – Македонија не може да се пофали со раст во рударската индустрија

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Италија започна да си ја истражува земјата за минерали, македонските геолози велат дека во тоа лежи енергетската иднина

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид