ДОМ го осудува сечењето дрвја кај хотел Бристол што се случи завчера, во правен вакум помеѓу заминувањето на старата и доаѓањето на новата локална власт во Центар, нагласи на денешната прес- конференција портпаролот на партијата Тони Ристов.
Потенцирајќи дека мора да се почитува процедурата и вољата на граѓаните кои го бранат зеленилото, тој информира дека ДОМ има подготвено Предлог-закон за зеленило и идната недела почнува со консултации со стручни институции и поединци, со невладини организации, партии и граѓани, преку јавни расправи и дебати.
– Единствен траен начин за спас на зеленило е негова институционална заштита преку: Закон за зеленило, Зелен катастар и нов Правилник за стандарди за урбано планирање, со минимум пропишано зеленило на секоја парцела, изјави Ристов.
Портпаролот на партијата истакна дека ДОМ останува цврсто на својата зелена програма и се осврна на партиските активности во изминатите години како што се формирање мрежи од инспекторати и заштитени подрачја, воведување обновливи енергии и енергетска ефикасност, масовни акции за пошумување и за чистење на отпадот, развој на туризмот, но и со гласното „НЕ“, подвлече, за топилница во Велес и железара во Неготино.Посебно внимание, посочи, имаше Скопје преку редица иницијативи и кампањи за подигање на еколошката свест и барање трајни и одржливи решенија.
– Сега сме во следна фаза – да се избориме за зголемен буџет за животна средина, проширување и јакнење на инспекторатите, решавање на жешките точки, екологизирање на урбанизмот и друго за што е потребна политичка воља и силна поддршка од граѓаните, рече меѓу другото на прес – кофнеренцијата портпаролот на ДОМ, Тони Ристов.