ДОМ доби цврсто ветување од Пендаровски за заложбите за заштита на животната средина и борбата со климатските промени

Од:

„Претседателскиот кандидат проф. д-р Стево Пендаровски даде цврсто ветување и недвосмислена поддршка за заштитата на животната средина и борбата со климатските промени, што беше барање на ДОМ за негова поддршка како заеднички коалициски кандидат за Претседател.

Органите на ДОМ оценија дека Пендаровски го има потребното професионално и политичко искуство за компетентно извршување на оваа висока државна функција.

Освен тоа, тој е познат и по својот долгогодишен активен придонес во процесите на македонските евро-атлански интеграции, што е една од стратешките цели на ДОМ како зелена партија“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ