ДОМ бара една изборна единица

Од:

ДОМ е за една изборна единица без праг, со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив. За ова се залагаме со години, а сме дале и предлог на закон, кој бил одбиен во парламентот.

„Ова е нашиот став и во сегашнава дебата околу измените на изборниот модел. Аргументите се познати: на ваков начин ќе и дадеме сериозна шанса на демократијата и на слободната волја на граѓаните, со што ќе се добие поразнобојно и поодговорно собрание, во кое соодветно ќе бидат застапени различни граѓански групи во општеството, според идеологија и определба.

Но за да има фер изборен натпревар, неопходно е да се прочисти конечно избирачкиот список од оние 89.000 „фантомски“ гласачи, за кои ДИК со консензус утврди дека не постојат во ниедна база на податоци. За да не може веќе да бидат злоупотребени од некоја партија, ниту да се подига вештачки прагот за влез на пратеник во парламентот“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата