Хирургот Ѓорѓи Јота, кој беше удрен од автомобил, има тешка повреда на главата и нагмечен мозок

Од:

Хирургот Ѓорѓи Јота, кој вчера беше прегазен од возило управувано од 16-годишник без возачка дозвола на улицата „Водњанска“ пред Клиничкиот центар во Скопје, има тешка повреда на главата, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

„Попладнево бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна, напиша вечерва Филипче на Фејсбук.

Во одговор на новинарско прашање околу состојбата на Јота, министерот претходно соопшти дека Јота има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина и дека се преземаат сите мерки на интензивно лекување.

– Вчера во текот на ноќта ме консултираа. Колегата доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа во одделот за интензивно лекување на ТОАРИЛУЦ,“ изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес