Докторката заразена од коронавирус викендов држела предавање пред стотина колеги

Од:

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија Нина Цаца Биљановска во саботата, односно пред два дена, присуствувала на секција на која учествувале стотина дерматолози и одржала предавање во ресторанот Рагуза во Скопје.

Колегите од Клиниката се во паника, бидејќи на настанот, но и секојдневно на работа таа била во постојан контакт со докторите и со пациентите што ги водела.

Директорката на клиниката, според нашите извори, воопшто не пријавила дека била во Италија, туку првично тоа го сториле колегите, а откако таа добила симптоми на вирусот.

Во меѓувреме, клиниката е затворена, медицинскиот персонал е во изолација, а пациентите за кои е проценето, продолжуваат на домашно лекување.

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека е крајно разочаран од однесувањето на докторката, особено што постојано се упатуваа апели да се следат протоколите за лицата кои доаѓаат од држави каде што има голем број заразени од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска