Докторите апелираат да се почитуваат мерките: Вирусот не штеди никого, се разболуваат и стари и млади

Од:

Докторката Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за Инфективни болести, вели дека клиничарите кои работат во третманот со пациентите заболени од Ковид-19 се соочуваат со смртност на пациенти кои имаат претходни хронични заболувања, но и релативно млади луѓе без пријавена хронична болест.

„Тоа се пациентите, пред се, со хронични белодробни заболувања, хроничните срцеви болни, ништо помалку пациентите кои имаат покачен крвен притисок, пациентите со дијабетес-посебно оние кои не се добро регулирани и кои веќе имаат компликации од сопствените хронични болести. И обезноста, односно дебелината, е исклучително битна затоа што таа сама по себе „отвора врата“ за низа хронични болести. Дебелината е здравствен проблем кој придонесува и отвора можност за многу болести“, вели Др. Стевановиќ но и дополнува дека возраста и понатаму останува сериозен ризик фактор.

Др. Стевановиќ смета дека и покрај сите напори на здравствените работници, и релативно млади луѓе без пријавена хронична болест ја изгубиле битката со ковид-19.

„Не е така мал бројот на хронично болни кои сме ги излекувале. И пациенти во длабока старост, и обезни, и пациенти без еден бубрег и пациенти со сериозни други болести. Но од друга страна, релативно млади луѓе, без пријавена хронична болест, за жал ја изгубија битката со болеста. Апелирам секој еден да ја сфати сериозноста на болеста и секој еден да се придржува до она што постојано го зборуваме, да се придржува до мерките, со цел да го сочуваат своето здравје и здравјето на своето семејство.Тука би ги вклучила и децата кои исто така се инфицираат и исто така можат да ја пренесат инфекцијата, иако од досегашното искуство на клиничарите децата имаа брзо опоравување од болеста.“, вели таа.

Во контекст на ова, пулмолоалергологот Др. Марјан Баловски од ГОБ „8 септември“ потенцира дека вирусот не штеди никого.

„Секако дека луѓето кои имаат посредни заболувања се поранливи, но дефинитивно вирусот не штеди никого. Јас можам да потврдам од моето практично искуство дека сме имале болни со тешки коморбидни состојби на кои сме успеале да им помогнеме, а сме имале за жал и луѓе кај коишто, буквално, сосем здрави добивајќи го вирусот за неколку дена се случува најлошото. “- изјави Др. Баловски и потенцираше дека најголемата помош од граѓаните за здравствените работници е да ги почитуваат мерките за заштита, маска, дистанца, хигиена и дезинфекција на раце.“, вели Др. Баловски.

Би можело да ве интересира

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Министерство за здравство: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Министерството за здравство тврди дека сите пациенти со дијабетес примаат инсулинска терапија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот