Доктори од Македонија ќе се обучуваат во медицинскиот центар во Хјустон

Од:

Доктори од Македонија ќе одат на обука во Медицинскиот центар во Хјустон кој е познат по лекување на кардиолошки и срцеви болести, а според добиената согласност од страна на Центарот изнесена на средбата што премиерот Никола Груевски ја имаше, доктори од таму ќе доаѓаат и во Македонија да вршат обука на македонскиот доктори. Се очекува меморандум за соработка да се потпише во април, а првата група да замине во мај следната година.

Покрај договорената обука, како што изјави премиерот, Медицинскиот центар изразил интерес и за учество во реализацијата на државната детска кардиохирургија во која доктор од Центарот би доаѓал да врши неколку пати во годината операции на деца со срцеви заболувања.

– Во Медицинскиот центар во Хјустон бев примен од врвниот менаџер. Ми направија една кратка прошетка низ Медицинскиот центар за да ги видам нивната зграда и во што се се најнапред во светот. Тие се посебно силни во лекување на кардиолошки болести и на канцери, меѓутоа, исто така, се многу напред во светот и во многу други лечења на многу други болести. Разговарајќи со нив им ја опишав ситуацијата во Македонија, условите и побарав поголем број наши лекари во иднина да доаѓаат тука на обука, а исто така и нивни лекари да дојдат да вршат обука во Република Македонија и тие се согласија, изјави премиерот Груевски.

Тој додаде дека на средбата станало збор и за можноста за отворање на државна детска кардиохирургија, но со договор со нив нивни лекари да доаѓаат повремено неколку пати во годината да вршат операции на деца на срцеви заболувања, на што тие начелно се заинтересирале и оти сакаат да разговараат за детали. Оние кои нема да можат да чекаат ќе бидат препраќани во странство.

– Разговаравме и за други начини, за менаџирање на болници и на клиники, така што се на се оставивме сега нашиот амбасадор во САД Зоран Јолевски да ги разговара натамошните детали заедно со нашиот министер за здравство кого што веќе го известив за оваа средба и за деталите од оваа средба, така што се надеваме по тоа доаѓање во април, кога треба да се склучи некој меморандум за соработка дека некаде од мај па натаму би почнало доаѓање на лекари од Македонија тука на еден од најголемите клинички центри во светот, истакна премиерот.

Медицинскиот центар во Хјустон, е еден од најпознатите во светот, со седум милиони пациенти годишно, со над илјада вработени.

Премиерот најави дека во рамки на посетата на Америка, во Лос Анџелес покрај бизнис економската презентација пред бизнисмени ќе го посети клиничкикот центар „Роналд Реган“ кој, исто така, е еден од најсилните во светот.

– Паралелно со мисијата што ја имам за охрабрување на инвеститори да дојдат во Македонија, правам напори да обезбедам и обуки за наши лекари овде во најпрестижните медицински центри во Америка и лекари од Америка да доаѓаат во Македонија, потенцира премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство