Дојче Веле: Пратениците на Груевски уценети со меница, гаранција и бланко оставка!

Од:

Владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја условува лојалноста на пратениците со меница од одредена сума, гарант на меницата и бланко-оставка, објави Дојче Веле.

Се повикуваат на изјава на пратеник од парламентарното мнозинство, кој сакал да остане анонимен.

„Јас потпишав меница на 300.000 евра. Таа сума ја одреди партијата. Според образложението, толку ќе чинеле трошоците на ВМРО-ДПМНЕ вложени во мојата изборна кампања. Не ти даваат време да размислуваш дали да потпишеш такво нешто или не. Се јавуваат, те повикуваат да дојдеш во партијата во точно определено време, односно во последен миг. Ми рекоа да дојдам во 23 часот, пред истекот на рокот за доставување на изборните листи“, вели пратеникот од власта.

Тој појаснува дека, ако и откаже послушност на партијата, тогаш е обврзан веднаш да ги врати партите, или во спротивно се соочува со активирање на меницата преку тужба.

„Ако пратеникот сака да избегне активирање на меницата и формално си остане во партиските редови, но од говорницата почне да застапува ставови поинакви од партиски договорените, тогаш се соочува со можноста да му ја активираат бланко оставката. Доволно е да задоцни на седница или да најави дека тој ден нема да дојде, партијата веднаш ќе ја достави бланко-оставката до претседателот на Собранието, тој ќе соопшти дека пратеникот писмено доставил оставка, ќе ја стави на гласање и таа веднаш ќе биде усвоена“, вели за Дојче Веле, пратеник од владеачкото мнозинство.

Оваа информација беше актуелна и за неа пишуваа дел од медиумите, но секогаш ова од ВМРО-ДПМНЕ беше демантирано и етикетирано како класична и намерна дезинформација.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет