Дојче Веле: 80.000 лица во Македонија страдаат од депресија

Од:

„Според Светската здравствена организација , многу луѓе страдаат од депресија, но во голем број случаи не сакаат тоа да го признаат. Со депресијата оди и срамот, односно чувството на личен неуспех. Во европски рамки 21 процент од населението годишно страда од депресија или анксиозност. И во Македонија се бележи тренд на пораст на менталните заболувања, па и на депресијата. 80.000 лица во Македонија страдаат од депресија“, пишува Дојче Веле.

Луѓето не сакаат да зборуваат за проблемите со пријателите или, пак, роднините

Дојче Веле пишува дека Светската здравствена организација ќе работи и на развојот на интернет-интервенциите на депресијата. Тоа е психотерапија преку интернет, којашто во некои земји се покажала како ефикасна и за која велат дека не е невозможно да се воспостави и кај нас.

На глобално ниво 350 милиони луѓе страдаат од депресија. Еден милион луѓе годишно извршуваат самоубиства кои се резултат на нетретирана депресија.

 

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Производи што ќе ви помогнат да се заштитите од вируси

Ана Ололовска

Безделничењето е корисно за мозокот, ако го практикувате правилно

Ана Ололовска

Светска банка: Ако Македонија преземе мерки сега, децата би биле поздрави и попродуктивни

Женева: Презентиран напредокот на Македонија, но и проблемите во однос на сексуалното здравје

Светски ден на здравјето

Ана Ололовска