Дојави за бомби денес стигнале во девет скопски училишта. Министерството за внатрешни работи извести дека се евакуираат учениците.
„Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на електронските адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Учениците од втора смена, по дојавите, ги прекинале часовите и ги напуштаа училиштата.
По дојави за бомби во осум скопски средни училишта, вчера евакуирана беше првата смена. По проверките антитерористичката единица во МВР утврди дека дојавите се лажни.