Дојава за бомба при посетата на Урсула фон дер Лајен, приведено е едно лице

Од:

Лажна дојава за бомба имало пред денешната прес-конференцијата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Зоран Заев, дознава „А1он“.

Претседателката на ЕК денеска пристигна во Албанија и во Македонија, како дел од посетата на Западен Балкан, а прес-конференцијата се одржа пред околу еден час во кино салата на МКЦ, по подолго доцнење.

Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека има едно приведено лице.

„Денеска полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда“, велат од МВР.

Фон дер Лајен денеска пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, а потоа на платото пред Владата беше пречекана од страна на премиерот Зоран Заев, со кој одржа состанок.

Би можело да ве интересира

Рокас: Фон дер Лајен се надевам ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Фон дер Лајен идниот месец во посета на Западен Балкан

А1он

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Фон дер Лајен подготвува забрана за социјалните мрежи за младите во ЕУ

А1он

Фон дер Лајен ги призна проблемите: Летните патувања заглавени поради новите контроли на ЕУ

А1он

Фон дер Лајен е лажга, вели Марија Захарова