• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

„Договори да се сликаат овие за лична карта“, му рекол Пепиќ на вработен во МВР за жителите од Пустец

by Васко Маглешов08/11/2019 - 14:0608/11/2019 - 16:41908
Share0

Сведокот Енес Али во сведочењето за случајот „Титаник“, потврди дека во периодот од октомври 2012 година до април 2013 година, добил плико од надредената со барања за издавање лични карти на жители од Гора и Пустец, а готовите лични карти ги подигал лично Мунир Пепиќ, кој се потпишувал на образецот.

Добивај вести на вибер

Али рече дека таа ситуација била поинаква од дотогашната пракса во МВР.

„Советничката Оливера Димчева ми донесе плико во кое имаше барања и апликации за сликање на странки. Во нив недостасуваа реешнија за жителство. Ми беше кажано да бидат одобрени тие барања, а дополнително ќе ми кажат за што се. Јас ги одобрив барањата. Тие барања првин беа малку, а по извесно време почнаа да бидуваат во поголем број. Јас ги одобрував и ги враќав кај советничката. Првите беа од Гора, а потоа и од Пустец. Добиваа лични карти во Општина Центар. Готовите лични карти му беа давани на Мунир Пепиќ. Тој се потпишуваше”, рече сведокот Енис Али, вработен во одделението за управни работи во МВР.

Сведочеше и Ферхус Али, вработен во одделението за управни работи во МВР.

„Ми се јави советничката Оливера Димчева и ми кажа да го пречекам Пепиќ за да се слика за лична карта. Пред 17 часот дојде со 2, 3 лица и ми кажа договори овие да се сликаат за лична карта. Ги земав барањата и ги проверив во системот. Пишуваше дијаспора, лица од странство. Му кажав на Пепиќ дека треба да се поведе постапка за жителство во Градот”, рече сведокот.

Али кажа дека вртел телефони и кај началничката Јадранка Гулевска и кај советничката, но му било кажано дека тоа е договорена работа, а документите кои недостигаат ќе бидат дополнително донесени. Рече дека се сеќава оти на тој начин биле издадени 500 до 600 лични карти.

Во предметот „Титаник“ на СЈО, кој е во доказна постапка, покрај експремиерот Никола Груевски, за серија кривични дела во поврзани со изборен криминал обвинети се ексзаменичката за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, ексшефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, пратеникот Илија Димовски, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

titanik

Би можело да ве интересира

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он22/12/2025 - 15:27

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Предраг Петровиќ26/01/2024 - 16:02

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски28/11/2023 - 10:23

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Катерина Ѓуровски16/11/2023 - 12:04

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Александар Тодески18/09/2023 - 12:36

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески18/09/2023 - 10:0718/09/2023 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен