Доедукација на доктори во болници во САД и редовни телеконференции, најави Таравари

Од:

Доедукација и тренинг на доктори специјализанти и специјалисти од скопските клиники во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“ и во Универзитетската болница „Моунт Синај“ во Њујорк, како и одржување редовни телеконференции меѓу македонски и американски доктори, било договорено на средбите за време на неодамнешната работна посета на министерот за здравство Арбен Таравари на САД.

Тој на средба со новинари информира дека посетил неколку клиники и болници во Вашингтон и во Њујорк.

Во рамки на посетата на Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“, како што појасни, разговарале за можноста за доедукација на македонски доктори специјализанти од една до четири недели во таа здравствена установа или нивни доктори да дојдат да работат со наши доктори во јавните здравствени установи, а ќе им се обезбеди само авионска карта и престој.

На средбите станало збор за одржување редовни телеконференциии меѓу доктори од клиниките во Скопје и доктори од Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“ за да се добие второ мислење за некоја дијагноза на наши пациенти. Според Таравари, тоа првично би се спровело на клиниките за радиологија и за детски болести, а понатаму доколку успешно функционира да продолжи и во други клиники.

Информираше за можноста еднаш месечно, на пример, два часа да има консултации меѓу невролог од Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“ и доктор од Клиниката за радиологија во Скопје.

При посетата на Универзитетската болница „Моунт Синаи“ во Њујорк, со традиција над 150 години и која е една од топ 20 универзитети во САД и според квалитет на здравствени услуги и според успешноста на спроведените процедури, разговарале за едукација на млади специјализанти или специјалисти. Најави дека во периодот од септември до декември таму можат на една до четири недели да испратат на едукација од 10 до 20 доктори специјализанти или специјалисти од скопските клиники.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада