Доделување на новогодишни пакетчиња во Штип

Од:

Денеска, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ги посети дечињата од ООУ „Ванчо Прќе“, дневните центри во Ново Село и Пребег и детското одделение при Клиничка болница Штип каде им се поделија 200 пакетчиња.

„Денеска во пресрет на новата година посетуваме повеќе институции во општина Штип, со цел да поделиме пакетчиња на децата коишто учат во основното училиште Ванчо Прќе, овде во дневниот центар, потоа ќе продолжиме во ДСУ Искра, па во дневниот центар за аутизам во Пребег и на крај ќе го посетиме детското одделение во Клиничка болница Штип, со цел да овие предпразнични моменти ги разубавиме онолку колку што можеме во нашиот домен,“ стои во изјавата од градоначалникот Бочварски.

Попладне ќе биде отворен Новогодишниот хепенинг што ќе трае во наредните четири дена. Со почеток во 17:00 часот свој настап ќе имаат, пејачот Зоран Илиев, магионичарот Кристијан Шопов, детскиот балетски клуб и на овој настан свое поздравно обраќање ќе има градоначалникот Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип