Во рамки на проектот SIGN за одржливост имплементиран од ХОРУС, како организација – членка на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, вечерва ќе бидат доделени наградите за филантропија ОКО за 2016 година.
Цел на наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата во Република Македонија.
Наградите за филантропија се реализираат со финансиска поддршка на Европската унија и Балканскиот фонд за демократија.