Доделени уверенијата на градоначалникот и на членовите на Советот на општина Кочани

Од:

Со доделување на уверенијата на новиот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илијев, и на деветнаесетте членови на Советот на општината, денеска започна мандатот на новоизбраната локална власт.

Врачувајќи им ги уверенијата, претседателката на Општинската изборна комисија – Кочани, Марија Гоцева, истакна дека на Локалните избори 2017 вкупно 20.827 жители со право на глас им ја дале довербата за раководење на општината во наредните четири години и им посака успешна и конструктивна работа.

– Им честитам на граѓаните и им благодарам што покажаа голем демократски капацитет и на слободни и фер избори јасно ја искажаа својата волја. Тоа покажува дека тие од нас очекуваат резултати. Работењето нема да биде лесно и едноставно бидејќи од она што го видов за време на кампањата знам дека има многу нешта коишто граѓаните очекуваат да бидат направени и поправени, изјави градоначалникот Илијев.

Сите проблеми, додаде, не можат наеднаш да се решат, но граѓаните ќе ги даваат приоритетите, а ние ќе ги решаваме. – Очекувам коректна соработка со Советот, затоа што ние сме овде да создадеме услови за подобар живот на граѓаните на Кочани. Како градоначалник ќе бидам крајно транспарентен и отворен и подготвен за соработка во секој дел, рече Илијев.

Во наредниот мандат, мнозинството од десет советници во Советот на општина Кочани ќе го има СДСМ и коалицијата, осум советници се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и еден советник е од независна листа.

Според најавите на општинската администрација, конститутивната седница на Советот на општина Кочани ќе се одржи на почетокот на ноември.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски