Доделени нови 50 решенија за легализација во Кисела Вода

Од:

Во општина Кисела Вода денеска беа доделени нови 50 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Од вкупно 11.871 поденсено барање за легализација, досега се завршени 1.486 предмети.

Решенијата ги врачи градоначалничката Билјана Беличанец – Алексиќ која ова го прави по вторпат откако ја презеде функцијата. Посочи дека тоа ќе стане пракса во општина Кисела Вода, која има најголем број дивоградби.

–  Воспоставувањето урбанистички ред и успешно заокружување на процесот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода претставува заеднички интерес за сите нас, рече Беличанец-Алексиќ.

Таа ги повика граѓаните кои се уште не ја комплетирале потребната документација тоа да го сторат што поскоро за да може во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби. Ги потсети и сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичка согласност во најкраток рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите.

Во Општина Кисела Вода во административна постапка се 4.954 предмети, а 5.295 се незапочнати, односно се со нецелосна документација.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината