Доделени НАТО сертификати за припадници на АРМ

Од:

Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и ренџерската чета (РЧ) од составот на Армијата на Република Македонија, на пригодна воена церемонија која се оддржа вчера во касарната „Боро Менков“ во Куманово, официјално ги примија НАТО сертификатите со оценка „борбено подготвен“.

Како што соопшти денеска ГШ на АРМ, реоценувањето на СПБГ и оценувањето рч, согласно НАТО концептот за оперативни способности-Ниво 2, беше извршено за време на вежбата „Македонски блесок-13“ во период од 02 до 06.10.2017 година, на армискиот полигон „Криволак“, од страна на сертифициран оценувачки тим составен од национални и претставници од земји членки на НАТО.

За време на оценувањето, единиците на АРМ се оценуваа согласно листата на инциденти зададени од страна на оценувачкиот тим при што беа оценети во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

НАТО сертификатите со оценка „борбено подготвен“ на командантот на СПБГ и командирот на РЧ официјално им ги предаде командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Зоран Милески.

Обраќајќи се пред присутните тој им го честиташе успешно завршеното оценување, вложениот напор и се што беше направено од сите учесници во вежбата. Милевски истакна дека сите заедно со здружени сили направиле уште една успешна приказна и оти големината на овој настан е уште позначајна од причина што се случува во јубилеј кога АРМ одбележува 25 години од формирањето.

На церемонијата за доделување на сертификатите присуствуваа и командантите на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и на полкот за специјални операции, бригаден генерал Орце Јордев, од чиј состав се оценуваните единици.

Со ова успешно завршено оценување и добиената оценка за „борбено подготвен“, единиците на Армијата на Република Македонија уште еднаш покажаа дека ги извршуваат задачите согласно високите НАТО стандарди рамноправно со земјите членки на НАТО.

СПБГ со ова оценување уште еднаш и во наредните три години ќе биде најголема единица во поширокиот регион, сертифицирана од Алијансата за учество во мировни мисии.

На крајот од церемонијата на дел од учесниците од средната пешадиска баталјонска група и ренџерската чета им беа доделени стимулативни мерки, доопшти ГШ на АРМ.

Би можело да ве интересира

Руски дрон влезе во романскиот воздушен простор, авионите не успеаа да го срушат

Анкета: Повеќе од половина од Полјаците не сакаат да ја бранат земјата

НАТО започнува операција „Источна стража“: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата

А1он

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Аналитичар: Беспилотните летала во Полска се дел од стратегијата на Путин за „сечење салама“

Нов руски напад врз Украина, тревога во Полска и НАТО командата