Доделени грантови за основни човекови потреби во Македонија

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на свеченост по повод потпишување на договори за доделување грантови од Јапонија. Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, потпиша договори во вредност од 428.000 евра со девет јавни институции од Македонија.

Една од тие институции е и Клиничка Болница Штип, којашто ќе набави две нови медицински возила за транспорт на пациенти во износ од 40.262 евра.

Со помош на новите возила ќе се зголеми безбедноста и удобноста на пациентите од Источниот плански регион, особено при транспортот до клиниките во Скопје, Охрид, Битола и Прилеп. На свеченоста присуствуваше и директорот на Клиничка болница Штип, д-р Ален Георгијев.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“