Доделени 28 лиценци за отворање аптеки во рурални средини

Од:

Министерството за здравство додели 28 лиценци за отворање аптеки, со акцент на руралните области во државата.

Огласот беше објавен за  50 концесии за отворање аптеки кои ќе склучат договор со ФЗОМ, но, како што информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров, за останатите немало доставено понуда или понудите не биле комплетни.

– Бенефит ќе имаат околу 60.000 граѓани. Станува збор за граѓани кои живеат во руралните средини и досега немале можност да имаат аптека во близина на местото на живеење или аптеките немале договор со Фондот, поради што граѓаните не можеле да ја земат терапијата со плави картони, појасни Тодоров.

Во Скопскиот регион доделени се девет концесии. Во општина Сарај лиценци за отворање аптеки има во селата Долно Свиларе, Глумово и Буковиќ, во селата Ракотинци (општина Сопиште), Кучевиште (општина Чучер Сандево), во општина Илинден, една аптека во село Петровец, како и две во Ѓорче Петров, една во општината и една во Ново Село.

Две лиценци се доделени во општина Неготино и една во Демир Капија, во Вардарскиот регион. Во Пелагониско-полошкиот регион доделени се осум лиценци за отворање аптеки од кои две се за општина Јегуновце и по една во општина Могила, во селата Новаци, Добри Дол (Врапчиште),  Форино (Гостивар), Теарце и Брвеница.

Во Северо-источниот регион аптеки ќе бидат отворени во Крива Паланка, Липково (село Матејче) и во општина Старо Нагоричане, додека во Југоисточниот регион се доделени лиценци за отворање нови аптеки во селата Иловица (општина Босилово) и Карбинци (општина Пехчево). Во Југозападниот регион доделена е една концесија за отворање по една аптека во општина Македонски Брод и во село Октиси/Подгорци во струшкиот регион.

За дел од руралните подрачја, според министерот Тодоров, не е доставена ниту една понуда, како што се – селата Долнени, Врапчиште, Желино, Маврово и Ростуше, Богомила, Ранковце, Сарај, Мирковци, Моноспитово, Дебарца и Конче, а за Лозово го испуштиле рокот на пријавување.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство