Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Од:

Доделена е годишната Награда на најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје за постигнати врвни резултати во 2024 година, соопштија попладнево од УКИМ.

Добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; проф. д-р Христијан Ѓорески, од Факултетот за електротехника и информациски технологии, најдобар научник за техничко-технолошки науки; проф. д-р Драган Мијакоски, од Медицинскиот факултет, најдобар научник за медицински науки и здравство; вон. проф. д-р Мартин Николовски, од Факултетот за ветеринарна медицина, најдобар научник за ветеринарни и земјоделски науки; проф. д-р Огнен Спасовски, од Филозофскиот факултет, најдобар научник за општествени науки, како и проф. д-р Драган Даутовски, од Факултетот за музички уметности, најдобар научник за хуманистички науки.

– Денес, на 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се приклучува кон светската заедница во одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, прогласен од УНЕСКО. Оваа година, темата: „Доверба, трансформација и иднината: Науката што ни е потребна за 2050 година“ повикува на размислување како се создава науката денес, и како се гради довербата во неа, за генерациите што доаѓаат. Бидејќи, науката отсекогаш била двигател на човечкиот напредок, а денес, повеќе од кога било, потребна е наука што гради доверба – доверба меѓу истражувачите и општеството, меѓу универзитетите и индустријата, меѓу знаењето и етиката. Токму во довербата, се раѓа можноста за вистинска трансформација – онаа што ги менува системите, економијата, образованието и начинот на кој се гледа кон иднината. Потребна е наука што создава нови технологии, но и нови вредности, наука што се грижи за човекот, за општеството, за планетата, наука што е отворена, одржлива и хумана, се наведува во соопштението.

На Светскиот ден на науката, како што додаваат од УКИМ, со гордост ги чествуваат најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, чии резултати за 2024 година, како што се истакнува, ја претставуваат токму таа визија – наука што гради доверба и отвора пат кон иднината.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ја доделила годишната Награда на Универзитетот, за постигнати врвни резултати во научноистражувачката и уметничката дејност во текот на изминатата календарска година.

Истакнувајќи го значењето на научната дејност за нашето општество, ректорката на УКИМ, проф. д-р Ангелова упатила честитки до сите наградени.

– Вие сте инспирација за сите нас, особено за идните генерации што ќе го водат нашето општество кон поинтелигентна и поодржлива иднина. Да продолжиме сите заедно да ја негуваме довербата во науката, да ја поттикнуваме трансформацијата преку знаење, и да ја градиме иднината што ја заслужуваме – иднина во која науката е јадро на мирот, развојот и човековата благосостојба, додала таа.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген