А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Доцни седницата за законот за ЈО

by А1он10/02/2020 - 19:5911/02/2020 - 08:12274
Share0

Повеќе од два часа доцни собраниската седница за Предлог-законот за Јавно обвинителство, на која пратениците треба да ја утврдат потребата од негово донесување, а за кој, како што кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески е постигната доволно добра основа за поддршка од најмалку 80 пратеници.

Добивај вести на вибер

Претходно денеска ДУИ, но и опозициските Алијанса за Албанците и Беса соопштија дека нема да ја поддржат предлог верзијата на законот доставена до Собранието, бидејќи не била во согласност со договореното во Министерството за правда.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска претходно изјави дека за нив е прифатлив само синоќешниот договорен текст на законот за јавното обвинителство, а секој друг текст не е прифатлив.

Јас го знам законот што е усогласен синоќа, а не законот што е променет со различни волји на другите луѓе и немам идеја што е променето.

Пред средбата бев информирам дека законот што го усогласивме вчера, не е во таа форма доставен во Собранието и не ги знам промените кои ги имаат направено, изјави денеска Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека остануваат на ставот против законот за јавно обвинителство и обвини дека власта со сила наметнува законски решенија кои се спротивни на Уставот, на европските вредности и на интересите на македонските граѓани.

ВМРО-ДПМЕ, рече Мицкоски, е против амнестија.

На денешната седница, според договорот, требаше да се утврди потребата за донесување на овој закон.

Потоа законот кој ќе се носи по скратена постапка и со европско знаменце треба да помина на матичната Комисија за европски прашање, по што Предлог законот треба да биде повторно ставен на дневен ред на Собранието и усвоен на пленарка пред неговото распуштање, заради одржување на предвремените парламентарни избори.

zakon za JO

Би можело да ве интересира

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска26/02/2020 - 11:31

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

Ана Ололовска18/02/2020 - 08:2718/02/2020 - 11:28

(ВИДЕО) Спасовски – Фон Дер Лајен: Честитки за донесувањето на Законот за ЈО

А1он17/02/2020 - 18:2918/02/2020 - 08:34

Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура

Ана Ололовска17/02/2020 - 12:4217/02/2020 - 13:11

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Драган Поповски16/02/2020 - 22:3317/02/2020 - 00:29

Рот: Добра вест од нашите пријатели во Северна Македонија

Драган Поповски16/02/2020 - 21:0917/02/2020 - 07:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен