По повод Меѓународниот ден за заштита на детето – 1 Јуни, денеска во Скопје ќе се одржи добротворен меѓународен базар, организиран од „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) во соработка со амбасадите во Македонија, бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, деца и лица со посебни потреби.
Почесен претседател на годинашниот базар е италијанскиот амбасадор во земјава Ернесто Массимо Беллелли, а главен покровител е град Скопје.
Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, поточно за реновирање на дневниот центар во Капиштец.
Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.